Премиерот Мицкоски не гледа причина за поголеми плати на судиите и обвинителите
Премиерот Мицкоски не гледа причина да се зголеми буџетот за судството . Вели. се бараат правни механизми како да биде разрешен државниот јавен обвините Kоцевски...

Премиерот Христијан Мицкоски јасно стави на знаење дека не се откажува од идејата за отстранување државниот јавен обвинител, Коцевски. Во периодов се работи на пронаоѓање на правна рамка која нема повторно негативно да влијае врз државата и судството.
„Битно е дека дојдовме до констатацијата, а сега треба да видиме правниот процес како е за да не остане повторно некаква дилема за да не, потоа во некои нареден извештај повторно се најде името на овој човек и дека Владата направила нешто коешто е спротивно на, не знам што. Затоа сега дојдовме до оваа констатација. Сега оставете да го најдеме точниот пат до таму“, рече премиерот Мицкоски.
Премиерот не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што рече, Македонија како држава одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75 проценти од земји членки на ЕУ.
„Судија почетник, на пример во Македонија, годишната бруто-плата му е околу 19.134 евра, во Словенија 34.000 евра, некаде околу 85 проценти повеќе, во услови кога БДП на Словенија е 350 проценти поголем од нашиот. Значи четири пати повеќе, ако ги гледаме овие пропорции“, додаде Мицкоски.
Државниот обвинител Љупчо Коцевски, пак, со став дека тој совесно си ја врши работата, за што покажуваат бројките од решени предмети поднесени од МВР. Изјавата на премиерот Мицкоски ја смета за политичка.
Марина Стојанова – Тонева
