Битола

Расте бројот на деца деликвенти

20.11.2025 17:33

Малолетници со телесни повреди и психолошки нарушувања. Статистиките на ниво на држава покажуваат дека и натаму расне бројот на деца-жртви на насилство. Се зголемува и бројот на детска деликвенција. За надминување на проблемите потребна е соработка со родителите, но и вмрежување на институциите...

Малтретирани деца со трауми. Малолетници со телесни повреди и психолошки нарушувања. Статистиките на ниво на држава покажуваат дека и натаму расне бројот на деца-жртви на насилство. Се зголемува и бројот на деца деликвенција. За надминување на проблемите потребна е соработка со родителите, но и вмрежување на институциите.

„Децата се нашето најголемо богатство и наша обврска како родители е неуморно да работиме со цел обезбедување средина за безгрижно детство и правилен развој. Кога малолетник се јавува во улога на сведок, жртва или сторител потребно е институциите да обезбедат соодветни простории за разговор со нив и земање соодветен исказ“, истакна во своето обраќање заменик министерот Исени.

Шведска е една од земјите во Европска унија каде работењето со деца кои се во судир со законот е на многу високо ниво.

Во тек е и изработка на стандардни оперативни процедури за постапување со деца кои се во судир со законот, процес кој се реализира со поддршка од меѓународните партнери.

Ружица Ѓоршевска