Интервју со министерката за финансии, Гордана Димитриеска - Кочоска
20.11.2025 20:33
Потрошувачки, социјален или развоен и реален, буџетот за 2026-та тежи 6,7 милијарди евра. Со него власта проектира економијата да расте со 3,8 проценти, дефицитот да изнесува 3,5. Проекцијата ги минува филтрите на комисиите во Собранието, со неа и над 100 барања за интервенции во содржината и парите. На 10-ти декември треба да се најде пред народните избраници.
Гостин во Дневникот на јавниот сервис е министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со неа разговара Сузана Фиданска – Стоевска.
