Предлог-листа за претседател на ДКСК
Собраниската Комисија за избори и именувања треба да ја утврди предлог-листата за избор на нов претседател на Антикорупциската комисија...

Собраниската Комисија за избори и именувања треба да ја утврди предлог-листата за избор на нов претседател на Антикорупциската комисија. Според информациите, актуелниот генерален секретар на антикорупциска, Адем Чучуљ добил најмногу поени-96,5.
И поранешниот ревизор Бранко Смилевски и деканот Кимо Чавдар би требало да влезат во потесниот круг за избор на наследник на Татјана Димитровска.
Предходно, 10-мината кандидати беа на интервју пред Комисијата за селекција.
За претседател на Антикорупциска првично се пријавија 13 кандидати. Еден од нив ги повлече документите, а за двајца се утврди дека не ги исполнуваат условите.
