Локални избори 2025
Почнува собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници во четири општини
21.11.2025 08:41
Постапката ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларијата на Државната изборна комисија...

Од денеска, до 30-ти ноември на полноќ, независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе може да собираат граѓански потписи. Постапката ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларијата на Државната изборна комисија.
Повторените избори се одржуваат поради непостигнат цензус на локалните избори што се одржаа на 19-ти октомври и не се избраа градоначалници. Повторените избори во 4-те општини ќе се одржат на 11-ти јануари.
