Акција „Дамаск“: Во Босна уапсени 15 поддржувачи на радикалниот исламизам
Упасените се сомничат за поврзаност со финансирање, организирање и врбување државјани на Босна и Херцеговина за учество во војните во Ирак и Сирија...

Во голема полициска акција во Босна приведени се 15 лица осомничени за поврзаност со радикални терористички организации. Во акцијата „Дамаск“ учествуваат близу 200 припадници на босанските специјални и полициски единици кои што вршат претрес на 17 локации ширум државата.
Упасените се сомничат за поврзаност со финансирање, организирање и врбување државјани на Босна и Херцеговина за учество во војните во Ирак и Сирија, борејќи се на странта на радикалните терористи.
Во акцијата уапсен е и Халил Билал Босниќ, неформален водач на вахабистите во Босанска краина, познат по своите анти- американски и анти- западни говори.
