Последен ден од Самитот за климатските промени
Илјадници луѓе присуствуваат на разговорите за тоа како земјите можат да ги засилат климатските акции, како парите и технологијата можат да стигнат до оние на кои им се најпотребни, како може климатската акција да биде фер и инклузивна...

Пожар избувна за време на Конференцијата на ООН за климатските промени КОР30 во бразилскиот град Белем. Присутните беа евакуирани. Тринаесет лица добија медицинска помош поради вдишување чад. Се истражуваат причините. Конференцијата почна на 10 ноември, а денеска е последен ден од дебатата.
Илјадници луѓе присуствуваат на разговорите за тоа како земјите можат да ги засилат климатските акции, како парите и технологијата можат да стигнат до оние на кои им се најпотребни, како може климатската акција да биде фер и инклузивна.
„Ниту една делегација нема да го напушти Белем со сè што сака. Но, секоја делегација има должност да постигне избалансиран договор. Мораме да се движиме многу побрзо, со драстично намалување на емисиите.Нема решение за проблемите ако истовремено нема праведен премин од фосилни горива кон обновливи извори на енергија“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.
Имено, дебатата во Бразил го обликува начинот на кој Парискиот договор за климата од 2015 година ќе се спроведе од зборови во дела.
