Трајков ќе учествува на Меѓународниот форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025“
Трајков денеска ќе учествува на меѓународен форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025“, каде во своето поздравно обраќање ќе зборува за младите и предизвиците на 21-виот век...

Заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков денеска ќе учествува на меѓународен форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025“, каде во своето поздравно обраќање ќе зборува за младите и предизвиците на 21-виот век.
Форумот, кој ќе трае од 20-23 ноември, е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на Меѓународниот сојуз на млади демократи, а се очекува свои обраќања да имаат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, пратеници од Македонското Собрание, како и високи државни претставници и претставници на младински сојузи од повеќе земји.
Заменик-министерката Трајков ќе има свое обраќање на актуелна тема-“Трансформирање на Западен Балкан: Од агенди за реформи до интеграција во ЕУ и колективен просперитет.“
