Култура

„20 години Балкава“- јубилеен концерт во Македонскиот КИЦ во Софија

21.11.2025 10:50

На програмата на концертот се традиционална македонска музика, традиционална музика од светот, како и авторска музика, компонирана од Елена Христова.

Вечерва со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи јубилејниот концерт „20 години Баклава“ на групата Баклава во состав: Елена Христова (вокал, укулеле, композитор), Влатко Терзиски ( кларинет), Сашо Митев ( кавал, тамбура, гитара), Владимир Стојчевски (бас гитара), Трајче Ристов (тарабука, кахон, деф, тапан).

На програмата на концертот се традиционална македонска музика, традиционална музика од светот, како и авторска музика, компонирана од Елена Христова.

На концертот  во Kултурно-информативниот центар во Софија, групата Баклава која го чествува јубилејот на своето 20 годишно постоење, ќе се претстави со богата програма од традиционални и авторски песни испеани на повеќе јазици. Се работи за песни кои Елена Христова ги аранжира и селектира од целокупниот репертоар на Баклава, која зад себе има 5 албумски изданија. Со музицирањето на групата Баклава, овие уметнички соединувања ќе прозвучат како едно, една душа. На овој начин групата Баклава преку својот личен музички израз ќе ја посведочи љубовта и поврзаноста на различни народи.