Ретроспектива на Марк Рапапорт во Кинотека
Рапапорт е еден од најоригиналните автори на независната кино-сцена, познат по својот уникатен пристап кон документарниот и играниот филм, своите револуционерни видео-есеи, како и по способноста да ги преосмислува историјата на филмот, актерските митологии и културните артефакти на Холивуд и Европа.
Кинотеката на Македонија, во соработка со Ми Филм, со особена чест најавува ексклузивна ретроспектива посветена на легендарниот американски режисер, сценарист и пионер на експерименталниот есејистички филм – Марк Рапапорт. Ретроспективата ќе се одржи од 22 до 27 ноември 2025, со секојдневни проекции во 20:00 часот.
Рапапорт е еден од најоригиналните автори на независната кино-сцена, познат по својот уникатен пристап кон документарниот и играниот филм, своите револуционерни видео-есеи, како и по способноста да ги преосмислува историјата на филмот, актерските митологии и културните артефакти на Холивуд и Европа. Неговите филмови се прикажувани на најголемите фестивали во светот, а оваа ретроспектива претставува ретка можност македонската публика да види значаен дел од неговиот опус на големо платно.
Програмата ја истражува неговата фасцинација со историјата на филмот, митологијата на холивудските ѕвезди, фикцијата, архивата, и односот меѓу перцепцијата и идентитетот. Рапапорт сè уште останува уникатен глас во современиот филмски есеј – вешто комбинирајќи архиви, интерпретација, фикција и поп-култура за да создава дела што долгорочно резонираат.
Оваа ретроспектива претставува исклучителна можност домашната публика да се запознае со еден од најзначајните независни автори на нашето време.
