Завршни зборови за прегазувањето на пензионерот Југослав
Судско рочиште за 25 годишниот мотоциклист Фатон Љури, кој смртоносно го прегази 68 годишниот пензионер Југослав Николовски на пешачка патека во Паркот на франкофонијата...

Судско рочиште за 25 годишниот мотоциклист Фатон Љури, кој смртоносно го прегази 68 годишниот пензионер Југослав Николовски на пешачка патека во Паркот на франкофонијата, ќе продолжи со изведување докази за казнена евиденција и завршни зборови.
Пресудата ќе биде дополнително закажана. Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор по пешачка патека, немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи.
Иако брзината на моторот била 35 километри на час, таа се смета за небезбедна на локација која е наменета исклучиво за пешаци.
Поради тоа, обвинетиот не успеал навреме да запре и удрил во пешакот Николовски, кој се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и сопатникот на мотоциклистот.
