Г 20

Самит на Г20 во Јоханесбург

21.11.2025 11:53

Од вкупно 19 шефови на држави и влади – членки, ќе присуствуваат само 13. Кинескиот претседател Џјинпинг и рускиот претседател Путин претходно објавија дека нема да присуствуваат на состанокот, но испраќаат свои претставници.

Самит на Г20 во Јоханесбург. Од вкупно 19 шефови на држави и влади – членки, ќе присуствуваат само 13. Кинескиот претседател Џјинпинг и рускиот претседател Путин претходно објавија дека нема да присуствуваат на состанокот, но испраќаат свои претставници.

Од друга страна, САД целосно го бојкотираат состанокот. Причина се обвинувањата на Трамп против јужноафриканската влада дека се прогонуваат и убиваат белите земјоделци со цел нивната земја да се конфискува.

Сигурно е дека САД повторно ќе учествуваат идната година кога претседателот Трамп ќе биде домаќин на Г 20 во едно од своите луксузни голф одморалишта, на Мајами, Флорида.