Економија
Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
21.11.2025 11:58
За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува со расправата по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година.
За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции.
Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.
