Мицкоски: Не реформираме затоа што тоа се очекува од нас, реформираме затоа што веруваме во европската идеја
Во Тирана, Самит на лидерите од Западен Балкан за планот за раст. Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка, нагласи премиерот Мицкоски…

Македонија останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка. Премиерот Мицкоски во Тирана на Самитот на лидерите од земјите на Западен Балкан, каде ги претстави обврските и приоритетите на државата на евроинтегративниот пат.
Нашата порака денес е едноставна, но цврста: Македонија исполнува. Не реформираме затоа што тоа се очекува од нас, туку реформираме затоа што веруваме во европската идеја. Ние ја градиме Европа дома со нашите политики, со нашите дела и со нашите вредности. Сега очекуваме од нашите партнери истото, правичен, меритократски пристап кој ги наградува резултатите и ја препознава посветеноста, посочи премиерот Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана.
Од Тирана известува Миле А. Ристески
