Собрание

Адем Чучуљ едногласно предложен за претседател на ДКСК

21.11.2025 13:25

Актуелниот генерален секретар на Антикорупциска, Адем Чучуљ добил најмногу поени на Комисијата за избори и именувања, за избор на претседател...

Актуелниот генерален секретар на Антикорупциска, Адем Чучуљ добил најмногу поени на Комисијата за избори и именувања, за избор на претседател. Претходно, десетемина кандидати беа на интервју пред Комисијата за селекција.

Според Комисијата за селекција на кандидатите, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Андријана Ѓурческа известува за постапката за избор на нов претседател на Антикорупциска комисија.