Ивановски: Ќе се модернизира системот на управна постапка
е се обезбедат што е можно поефикасни, поедноставни и побрзи управни постапки, со намалени административни трошоци за државниот Буџет и за деловниот сектор...

Со новиот Закон за општа управна постапка ќе се надминат проблемите со губење документи на граѓаните од институциите. Ќе има задолжителна електронска комуникација меѓу институциите по одлучувањето на предметите. Второстепениот орган ќе мора задолжително да донесе одлука.
Новиот Закон, што Министерството за информатичко општетсво и администрација го подготвува две години, треба да го модернизира системот на управна постапка, да ја подобри нивната транспарентност, да ја зголеми довербата на граѓаните во јавната администрација.
„Со новиот предлог- закон се олеснува комуникацијата помеѓу граѓаните и институциите преку користење на електронска пошта. Тоа значи дека секоја институција законски мора да им дозволи на граѓаните да примаат барања преку е-маил и исто да им се одговори преку е-маил. Граѓаните ќе имаат можност да изберат да бидат коминицирани исклучиво преку е-маил или преку традиционалниот метод кој што денеска се користи“, изјави министерот Ивановски.
Ќе се обезбедат што е можно поефикасни, поедноставни и побрзи управни постапки, со намалени административни трошоци за државниот Буџет и за деловниот сектор, додаде денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
