Климатските промени го земаат данокот
Климатските промени безмилосно го земаат својот данок. Земјоделците ги отворија очите за навремено осигурување...

Цело семејство живееме од земјоделство. Јас работам земја од моите 15 години, вели Александар Стефановски, земјоделец од Могила. Нагласува дека половина пипер им остана по нивите, па оваа дејност станува се потешка.
Објасни дека поради неизвесноста, млади меѓу земјоделците се бројат на прсти.
Поради пролетните мразови Николче Јанески од Бистрица годинава произведе 40 тони помалку јаболко од лани. Очекува пореални проценки на штета, а државата да дава поддршка на вистинските земјоделци.
Климатските промени безмилосно го земаат својот данок. Земјоделците ги отворија очите за навремено осигурување. Бистричани велат дека проценките за штети се најчесто неправедни и сè уште неисплатени.
Ружица Ѓоршевска
