Почна со работа Регионалниот центар за ментално здравје во Кочани
Регионален центар за ментално здравје од денес почна да работи во Кочани. Потребата од стручна помош после трагедијата е сè поизразена. Овој центар треба да ги зајакне услугите за ментално здравје во регионот со стручен третман и поддршка за граѓаните …

Во Кочани е отворен Регионален центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка како проект на Црвениот крст на Македонија финансиски помогнат од европските фондови. Осум месеци Кочани се бори со тагата и болката и потребата од ваков центар е повеќе од потребна.
Ова е прв од неколкуте регионални центри кои Црвениот крст планира да ги отвори низ државата.
Министерот за здравство го посети Центарот во Кочани. Најави дека наскоро во рамки на јавното здравство ќе има мрежа од институции за грижа за менталното здравје.
Славица Величковска
