Политика

Редовен конгрес на ДУИ во декември по резултатите на локалните избори

21.11.2025 17:25

Какви промени ќе донесе редовниот конгрес на ДУИ во декември по резултатите на локалните избори кога коалицијата предводена од Ахмети освои 4 градоначалнички мандати, и најавите за коренити реформи во партијата...

Неизвесно е какви промени ќе донесе редовниот конгрес на ДУИ во декември по резултатите на локалните избори кога коалицијата предводена од Ахмети освои 4 градоначалнички мандати, и најавите за коренити реформи во партијата, на прашањето дали тоа значи промени во раководството кај интегративците, портпаролот Адеми оценува дека сите опции се отворени.

За коалицијата ВРЕДИ пак – Албанската опозиција предводена од ДУИ е во целосен распад.

Според нив напуштањето на Алијансата на Села од Националната Алијанса за Албанците, а претходно и ДПА на Тачи, како и јасното дистанцирање на високи функционери од партиските позиции, јасно го потврдува тоа на што укажуваше ВРЕДИ – дека станува збор за проект кој не е изграден за Албанците туку за лични амбиции.

„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.“-стои во соопштението од ДУИ.

ДУИ не му лути на својот доскорешен коалициски партнер Села. Велат дека ја почитуваат неговата заложба да функционира како независен политички субјект во опозицијата. Додаваат дека нивната заложба останува да имаат добри односи со сите партии во опозицијата со европски пристап.

Марина Стојанова - Тонева