Поплави во охридско Орман, настрадаа куќи и ораници
Поради изобилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата регистрирано излевање на реките, поплавени објекти и одрони. Во охридско Орман поплавени десеттина куќи. Нивите целосно под вода, мештаните отсечени од градот …

Се излеа Коселска река. Десетина куќи во селото Орман под вода, со целосно уништена покуќнина. Поголемиот дел од нивите и пластениците се поплавени. Селото е отсечено поради надојдената вода. Жителите велат не е временска непогода, се работи за човечки фактор, дивоградби, но и негрижа нередовно чистење на коритото и каналите.
Родот во село Орман е потполно уништен, нивите и овоштарниците се целосно под вода. Жителите велат ќе поднесат пријави и тужби до сите институции.
Поради обилните врнежи во Ресен се излеа Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, таму се поплавени над 50 куќи, но и магацински простори, визби, земјоделско земјиште.
Игор Панов
