Пешевски: Македонија ја зголемува конкурентноста во сите области
Заедно со Бугарија која е неколку места пред нас, Македонија е подобро рангирана од Албанија, Грција, Србија, Црна Гора, од Хрватска и Словенија...

Скок за десет позиции на листата најконкуретни економии во светот според Светскиот економски форум. Македонија се најде на 63-та позиција. Индексот на конкурентност на Македонија е 4,26 на скалата од еден до седум. Рангирањето е направено меѓу 144 држави.
„За прв пат Македонија забележува зголемување на рангот кај сите 12 столбови, кои што го сочинуваат индексот на глобална конкурентност. Најевидентно е подобрувањето во областа на финансиските пазари каде шти имаме скок од 21 позиција, во областа на иновациите кадешто имаме подобрување за 18 позиции и во работата на институциите кадешто имаме подобрување од 15 позиции“, истакна на денешната прес- конференција вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Заедно со Бугарија која е неколку места пред нас, Македонија е подобро рангирана од Албанија, Грција, Србија, Црна Гора, од Хрватска и Словенија. Сметаме дека ова е едно постигнвуање кое што вреди да се одбележи, додаде Пешевски.
Најконкурентна, според најновиот извештај на Светскиот економски форум е Швајцарија. По неа се Сингапур, САД, Финска, Германија, Јапонија, Хонг Конг, Холандија, Велика Британија и Шведска.
