Детско катче во КПУ „Идризово“
Децата кои ги посетуваат блиските во Казнено-поправната установа Идризово, ќе можат да одат со помалку стрес. Со помош на европската унија и советот на Европа е направено детско катче за најмалите кои одат да ги видат родителите или некој близок кој издржува казна затвор.

Над два милиони млади лица во Европа имаат родител што отслужува казна затвор. Не е мал бројот ни во земјава на деца чии родители се во казнено поправните установи. Тоа е удар за семејството особено за децата кои треба да го надминат бремето предизвикано од криминалот на родителот. Психолозите препорачуваат да се изнајде најдобар начин посетата во затворите да не се одрази врз психата на нивните поколенија.
Во затворот во Идризово има 1.280 осуденици и многу мајки меѓу осуденичките.
Во женскиот затвор во Идризово 85 затворенички, засега нема бебиња, но доколку некоја се породи во затвор нејзиното бебе може да остане со неа додека не наполни една година.
Ресоцијализацијата е секогаш болна тема стручниот кадар се обидува да помогне колку што може и на осудениците и на нивните семејствата. Детското катче во Идризово треба да создаде колку толку пријатни услови при посетата на затворените роднини. Ова е 4-то детско катче во казнено поправна установа. Има во Штип, Прилеп и Куманово.
Затворот Идризово, најголемиот во земјава ќе се реновира, се најавуваат нови простории и обнова на кујната.
Обновата на затворскиот систем е еден од предусловите на придружувањето на земјата кон ЕУ.
Ана Јосифоска
