Прилеп

Комплетна услуга за лицата од третото доба

22.11.2025 18:13

Ова е неделата на лицата од третото доба. Единствениот дом за стари лица во Прилеп е со полн капацитет, се бара место повеќе од целата држава, а градот, меѓу првите нуди социјални услуги во домот и, наскоро, дневен центар за активно стареење. Граѓаните со свои размислувања дали би се грижеле за старите најблиски или би ги сместиле во институција.

Седумдесет и петгодишната прилепчанка Благица Карапееска веќе четири години живее во својот втор дом. Вели, исполнето и со нега го поминува секојдневието во Домот за стари лица.

Прилепскиот дом за стари е со полн капацитет од 150 места. Се бара место повеќе од целата земја.

Услугите за лицата од третото доба се зголемуваат.

Во новата година Прилеп ќе го добие Дневниот центар за активно стареење, а веќе ги нуди другите социјални услуги.

Луѓето од третото доба имаат право на сите социјални услуги и грижа за нивното здравје.

Елизабета Митреска