Москва демантира дека Путин и Порошенко договориле примирје

03.09.2014 13:20

Во екот на најголемата криза по студената војна, НАТО најавува историски одлуки на самитот во Велс утре...

Москва ја демантира веста што ја објави Киев за договор за примирје меѓу претседателите на Русија и на Украина. Путин и Порошенко во телефонски разговор се договориле само за чекорите што треба да се преземат.

Рускиот претседател повеќе пати нагласил дека Русија не е една од страните во украинскиот конфликт, но изразил подготвеност да придонесе за примирје.

Во екот на најголемата криза по студената војна, НАТО најавува историски одлуки на самитот во Велс утре.

Американскиот претседател денеска во Естонија разговара со претседателите на Балтичките земји.

Главна тема се безбедноста и единиците за брза реакција за кои ќе се решава утре, во рамките на акцискиот план на Алијансата.

Москва вчера најави промена на воената стратегија поради потезите на НАТО за проширување на Исток.