Регион

Силно невреме го зафати регионот

22.11.2025 16:33

Поплавени куќи, однесени автомобили и патишта блокирани од свлечишта. Тешко е погоден и островот Крф. Училиштата в понеделник ќе останат затворени. Слично невреме и во Бугарија. Поројни дождови поплавија цели населби на југозападот...

Силно невреме ја зафати Грција. Обилни дождови во Јанина. Поплавени куќи, однесени автомобили и патишта блокирани од свлечишта. Тешко е погоден и островот Крф. Училиштата в понеделник ќе останат затворени. Слично невреме и во Бугарија. Поројни дождови поплавија цели населби на југозападот.

Најпогодена е општината Петрич, каде што за 24 часа наврнаа речиси 50 литри на квадратен метар, противпожарната служба одговори на повеќе од 20 повици.

Реката Јазо се излеа во Разлог, но брзата интервенција спречи поголема штета. Ситуацијата се подобрува по престанокот на дождот-уверуваат властите.

„Имаше силни грмотевици, снема струја. Реките беа многу силни, мислевме дека куќите ќе паднат од водата“.

„Никој не можеше да излезе, ниту автомобилите не можеа да се движат, некои луѓе беа на терасите, се обидуваа да исфрлат вода од собите, беше ужасно, никогаш во мојот живот не се случило такво нешто“.

„Имавме доста инциденти. Главно поплавени подруми во приватни куќи и згради. Како резултат на обилниот дожд, имаше и поплавени улици. На наше големо олеснување, не добивме пријави за луѓе во опасност и не спроведовме спасувачки операции“, изјави Стојан Тилев – раководител на противпожарната служба во Петрич.