Македонија

Поплавени куќи по повеќедневните обилни врнежи низ Македонија, АХВ со препораки

22.11.2025 15:28

По обилните дождови, имаше излевање на неколку реки. Најкритично во ресенско, поплавени 50 тина куќи. Од Агенцијата за храна и ветеринарство со препораки...

Излеани реки, поплавени домови и земјоделски површини, ова е билансот по повеќедневните обилни врнежи на територијата на Македонија. Од Центарот за управување со кризи информираат за повеќе интервенции и тоа во Ресен, Битола, Струмица, Демир Хисар, Прилеп, Охрид, Куманово, Крива Паланка и Кратово.

Излевањето на реките може да предизвика заматување на водата за пиење, алармираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, со апел граѓаните внимателно да ја следат состојбата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека врнежите од дожд, ќе продолжат и во следните неколку денови.

Надлежните апелираат, граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење околу речните корита.

 

Марија Котовска