Трибина на младинското значење
„Ако постои партија без млади, тогаш тоа е партија без суштина, срж. и не е вистинското прашање дали таа партија ќе исчезне, туку кога“ рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на трибината – „Локални и глобални предизвици од младинско значење“. Според него, ако една нација, особено мала како македонската, не работи напорно со фокус и јасен патоказ, ќе исчезне. На младите им порача да создаваат младина.

Младите се јадрото, суштината на политиките кои ги спроведува Владата – порача премиерот Мицкоски на трибината насловена „Локални и глобални предизвици од младинско значење“ организирана од УМС. Тој упати пораки до младите кои како што рече ги гледа како идни лидери, да се опкружат со млади луѓе, бидејќи тие се иднината, визијата, носители на идеите. Премиерот им порача да останат достоинствени пред предизвиците, да дејствуваат со посветеност и работа и никогаш да не да бидат лицемерни. А на крајот – најважниот елемент во животот е семејството – потенцираше Мицкоски.
„Мојата последна порака ќе биде борете се и размислувајте за работите што ќе го обликуваат човештвото и иднината на вашата нација. Во спротивно, ќе се изгубите себеси и ќе станете дневни политичари. А јас не верувам дека тоа е вашата амбиција, ниту вашата идеја, не за оваа организација, туку генерално за иднината на европскиот континент и за иднината на човештвото во целина“, рече Мицкоски.
Претседателот на Унијата на млади сили Сергеј Попов истакна дека Владата ги отвори вратите за учество на младите во креирањето на политиките и мерките за нивна самореализација. Даниел Браун директорот на КАС ја поздрави соработката со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку сте убедени во вашите политики и пристап, важно е да се држите до нив без оглед на се, не само за вас туку и глобално-порача директорот на Конрад Аденауер.
Марина Стојанова-Тонева
