Прилеп

Зголемен ДДВ на порачките од онлајн платформите, поддршка на домашната економија

23.11.2025 14:01

Зголемениот ДДВ од 18 проценти за пратките од онлајн платформите за граѓаните не значат промена. Почнуваат да бараат квалитет, па и пониски цени на домашниот пазар. Стопанството гледа шанса за малите и микро производители...

За граѓаните незабележливо, за онлајн платформите пресметано, а за македонското производство можност за напредок. Ваков е впечатокот од измените во Законот за ДДВ со оданочување на пратките на порачките од онлајн платформите од 18 проценти.

Според граѓаните ќе има порачки, ама и добро ќе се размисли. и домашните производители може да понудат квалитет, па дури и пониски цени.

Надлежните уверуваат – целта е зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Прилепската регионална Стопанска комора бенефитот го посочува кај малите и микропретпријатија.

Граѓаните не чувствуваат промени, домашното производство очекува допрва бенефит. На крајот-пазарната логика диктира-лошото искуство од онлајн платформите ќе ги сврти купувачите кон провереното – домашното.

 

Елизабета Митреска