ијз

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја

23.11.2025 09:07

Храната што дошла во контакт со поплавена вода да се фрли, овошјето и зеленчукот пред употреба добро да се измијат и термички...

„Населението во поплавените подрачја да користи купечка вода во шишиња за пиење и готвење, ако користат водата од локалните водоводи и бунари да ја превриваат 10 минути пред употреба“ – препорачуваат од Институтот за јавно здравје. Храната што дошла во контакт со поплавена вода да се фрли, овошјето и зеленчукот пред употреба добро да се измијат и термички.

Граѓаните треба да побараат лекарска помош ако имаат треска, стомачни проблеми и кожни инфекции кои се јавуваат од контаминирана вода.

Поради надојдените води треба да се внимава на појава на глодари и глувци кои засолниште и храна ќе бараат во објекти. Од ИЈЗ препорачуваат локалните самоуправи и Центарот за јавно здравје по повлекувањето на водата да направат дезинфекција, дезинсекција и дератизација.