Македонија

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

23.11.2025 12:04

Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“. Одликувањето се доделува за неговиот храбар придонес во создавањето на независна Македонија, како и за активното учество во развојот на демократските процеси.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со орден „8 Септември“. Одликувањето се доделува за неговиот храбар придонес во создавањето на независна Македонија, како и за активното учество во развојот на демократските процеси.

Кедев се одликува и за исклучителни заслуги во медицината – како врвен интервентен кардиолог со илјадници извршени интервенции и иновативни техники признати на европско и светско ниво.

Признанието го добива и поради неговите научни резултати со над 230 публикации и повеќе од 13 илјади цитати, заложбите за меѓународна соработка како почесен конзул на Индонезија, како и за историскиот алпинистички подвиг – освојувањето на сите 14 светски врвови над 8.000 метри.