Манифестацијата „Појадок на мост“ на 14-ти септември

03.09.2014 13:48

2.700 бесплатни билети ќе добијат граѓаните за појадокот на мостот Oко и на Kамениот мост. 1.200 ќе бидат дистрибиурани меѓу странци кои престојуваат во главниот град...

Петтата по ред манифестација „Појадок на мост“ оваа година ќе се одржи на 14-ти септември. 2.700 бесплатни билети ќе добијат граѓаните за појадокот на мостот Oко и на Kамениот мост. 1.200 ќе бидат дистрибиурани меѓу странци кои престојуваат во главниот град, соопшти денеска градончалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Посетителите кои сакаат да учествуваат на појадокот, ќе можат да ги подигнат билетите од пунктот што ќе биде поставен пред ресторанот „Пелистер“ од 6 до 11 септември. Билетот ќе биде бесплатен, рече Трајановски.

Посочи дека присутните ќе бидат забавувани од улични музичари, а во организацијата на манифестацијата ќе помогнат учениците од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“.

За оваа манифестација, Градот издвои 600.000 денари, но обезбедени се средства и од донатори.