АМСМ
Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир
23.11.2025 11:28
Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е нормализиран, соопшти АМСМ. Претходно, од 05:05 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир беше во прекин поради одрон.

Од утрово од 06:40 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е нормализиран, соопшти АМСМ.
Претходно, од 05:05 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир беше во прекин поради одрон.
АМСМ додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози и потсетува дека од 15 ноември почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
