Продолжуваат обвинувањата за случајот со ИПАРД
Трипуновски бега од вистината за скандалот со ИПАРД, не дава одговори на клучните прашања – обвинува СДСМ. Власта ги отфрла тврдењата на опозицијата за нетранспарентност. Велат институциите работат согласно процедурите.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуноски, да си даде оставка, побараа од СДСМ. Тврдат дека криел информации во врска со суспендирањето на средствата од ИПАРД програмата. Според нив, ресорниот министер бегал од одговорност и од вистината за овој случај, кој како што велат, не е административна формалност, туку сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании.
Ништо не се крие во постапката за суспензијата на ИПАРД програмата, во која се ангажирани и извршната и судската власт, велат од Владата. Додаваат дека опозицијата обвинува за нешто што самите го правеа во минатото, а ставовите ги формираат врз основа на нивните минати постапки.
Владината портпаролка вели, владата е стабилна и продолжува со заложбите за унапредување на животот на граѓаните.
Марија Котовска
