Препораки од ИЈЗ до граѓаните од поплавените подрачја
По Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје со препораки за граѓаните од погодените подрачја. Да користат флаширана или превриена вода, да внимаваат на храната. Состојбата со водостоите на реките на територијата на земјава е стабилна, велат од Центарот за управување со кризи. Врнежи се очекуваат, но со помал интензитет.

Во поплавените подрачја граѓаните може да имаат симптоми на треска, стомачни проблеми и кожни инфекции, тоа се знаци на болести поврзани со контаминираната вода.
Епидемиолозите велат поради надојдените води да се внимава на појава глодари и глувци кои засолниште и храна ќе бараат во објектите.
Од Институтот за јавно здравје апелираат да се следат препораките од надлежните.
„Надлежните редовно ја следат состојбата на терен, се во контакт со матичните лекари, инфектолози и редовно го информираат ИЈЗ за евентуална појава за поголем број заболувања поврзани со поплавените подрачја со цел навремено преземање на мерки за превенција и контрола“, стои во соопштението од ИЈЗ.
Од Центарот за управување со кризи велат состојбата по обилните врнежи е стабилизирана.
Според метеоролозите се очекува дожд, 30 литри на метар квадратен. Следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет.
Наташа Јанчиќ-Менковски
