Доктор Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“
Сиљановска-Давкова го одликува доктор Сашко Кедев со Орден „8 Септември“. Признание за неговиот храбар придонес во создавањето на независна Македонија, за исклучителни заслуги во медицината – како врвен интервентен кардиолог, но и за историскиот алпинистички подвиг...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува доктор Сашко Кедев со Орден „8 Септември“. Признание за неговиот храбар придонес во создавањето на независна Македонија, за исклучителни заслуги во медицината – како врвен интервентен кардиолог, но и за историскиот алпинистички подвиг.
На доделувањето на орденот вечерва во Македонската филхармонија, Сиљановска порача дека академик Сашко Кедев е човек чијшто персонален и општествен интегритет ги надминуваат границите на потесната стручна област и се интегрираат во колективната меморија на државата и општеството.
На доделувањето на Орденот, вечерва во Македонската филхармонија, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министри од Владата, градоначалници, академици и голем број личности од општествениот живот.
