Се чека одлука на судот во Кочани по жалбите на Обвинителството и осомничените инспектори
Рокот од 48 часа истече вчера попладне, до кога судот требаше да реши дали ќе остане на првичната одлука за куќен притвор, дали ќе одреди затворски притвор како што бара обвинителството, или пак поблаги мерки како што бараат осомничените.

Кочанскиот суд се очекува да ја соопшти одлуката по жалбите на Обвинителството и осомничените инспектори од УЈП за определениот куќен притвор.
Рокот од 48 часа истече вчера попладне, до кога судот требаше да реши дали ќе остане на првичната одлука за куќен притвор, дали ќе одреди затворски притвор како што бара обвинителството, или пак поблаги мерки како што бараат осомничените.
Во акцијата на МВР и Обвинителството во четвртокот, поврзана со случајот „Пулс“, беше поведена постапка против 11 инспектори од УЈП во Штип и Струмица.
Осуммина заработија кривична пријава за злоупотреба на службената положба и примање поткуп. На сопственикот на дискотеката му кажувале кога ќе има контроли.
Меѓу осомничените е и братот на претседателката на скопскиот Кривичен суд.
