Економија

Продолжува амандманската расправа по Предлог- буџетот за 2026 година

24.11.2025 08:45

Од доставените околу 200 амандмани, дел се разгледани на четирите расправи што се одржаа по завршувањето на општиот претрес.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог- буџетот за 2026 година. Од доставените околу 200 амандмани, дел се разгледани на четирите расправи што се одржаа по завршувањето на општиот претрес.

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација, изјави минатата недела министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, преку мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна, како што е предвидено со Буџетот за 2026 година, и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.