Македонија
Сиљановска-Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година
24.11.2025 09:06
Овие стипендии се плод на здружената акција и кооперација помеѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити Колеџ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес ќе ги врачи стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20-те најистакнати студенти кои ќе го продолжат своето образование на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција.
Овие стипендии се плод на здружената акција и кооперација помеѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“.
