Мировниот договор поблиску по разговорите во Женева
Американскиот државен секретар Рубио изјави дека постигнале „огромен напредок“, иако не беа откриени конкретни детали. Главната цел била да се стеснат отворените точки од американскиот план, што било постигнато на „значаен начин“.

САД и Украина се согласија на „ажурирана и ревидирана мировна рамка“ по преговорите во Женева за завршување на четиригодишната војна со Русија. Американскиот државен секретар Рубио изјави дека постигнале „огромен напредок“, иако не беа откриени конкретни детали. Главната цел била да се стеснат отворените точки од американскиот план, што било постигнато на „значаен начин“.
„Направивме огромен напредок и затоа сум многу оптимист во врска со можноста за постигнување договор во многу разумен временски рок, многу наскоро. Нема да навлегувам во деталите за прашањата, некои од нив се деликатни и бараат повеќе време за решавање, некои се однесуваат на семантика, други на одлуки на повисоко ниво, за некои треба дополнителни консултации. Ова е „жив документ“ кој еволуира и се менува секој ден. Имаше прашања за улогата на ЕУ и НАТО, кои ќе треба да се дискутираат со европските земји. Има отворени точки кои не се непремостливи, но за кои ќе треба повеќе време“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
Рубио нагласи дека секој конечен договор ќе треба да биде одобрен од украинскиот и американскиот претседател пред да се достави до Русија. Зеленски потврди дека има „сигнали дека тимот на претседателот Трамп ги слуша“.
„Важно е да има дијалог со американските претставници, а има сигнали дека тимот на претседателот Трамп нè слуша. Сите нудат поддршка, споделуваат совети, даваат информации и сакам да им се заблагодарам на сите што ни ја нудат оваа помош. Важно е да се осигураме дека чекорите кон завршување на војната се ефикасни и дека сè е изводливо. Украина никогаш не ја сакала оваа војна и ние никогаш нема да бидеме пречка за мир. Дипломатијата е обновена и тоа е добро“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Брисел останува на ставот дека секој мировен план мора да ја почитува правото на Украина да ја избере својата судбина, вклучувајќи и членство во ЕУ. Путин претходно изјави дека планот на Трамп може да биде основа за мировно решение, но предупреди дека Русија ќе продолжи да напредува ако Киев одбие да преговара.
