Блиски Исток

Убиен висок функционер на Хезболах

24.11.2025 09:21

Нетанјаху рече дека нападите се одговор на обидите на Хезболах да ги обнови воените капацитети и ја повика либанската влада да го спроведе разоружувањето.

Израел изврши напад врз Бејрут, тврдејќи дека бил убиен началникот на штабот на Хезболах, Хајтам Табтабаи. Загинаа пет лица, а 25 се повредени. Нетанјаху рече дека нападите се одговор на обидите на Хезболах да ги обнови воените капацитети и ја повика либанската влада да го спроведе разоружувањето.

„Очекувам либанската влада да ја исполни својата обврска за разоружување на Хезболах, бидејќи само на овој начин секој граѓанин во Либан ќе може да има подобра иднина и безбедно соседство меѓу Израел и Либан“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Либанската влада негира, го обвини Израел за неспроведување на договорот за прекин на огнот.

„Тие сакаат да ни го земат оружјето, но тоа нема да се случи. Овие напади само ни даваат поголема решителност, сила и достоинство“, изјави Марјам Асаф, жителка на Бејрут.