Босна и Херцеговина

Каран победник на претседателските избори во Република Српска

24.11.2025 10:21

Порача дека резултатите го потврдуваат единството на српскиот народ и претставуваат одбрана на неговите интереси и отпор кон странските влијанија. Каран најави продолжување на актуелната владина политика.

Синиша Каран, кандидат на Независните социјалдемократи, прогласи победа на предвремените претседателски избори во Република Српска. Порача дека резултатите го потврдуваат единството на српскиот народ и претставуваат одбрана на неговите интереси и отпор кон странските влијанија. Каран најави продолжување на актуелната владина политика.

„Српскиот народ даде решителен одговор. „Не“ на ниту еден странец, „не“ на ниту еден узурпатор. Никому не му е дозволено да биде узурпатор и да ја поништува волјата на народот“, рече Синиша Каран, нов претседател на Република Српска.

Неговиот близок сојузник и поранешен претседател Милорад Додик чиј мандат беше одземен поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, ги критикуваше постапките што доведоа до негово отстранување.

„Му честитам на Синиша Каран за изборот за претседател на Република СрпскаМеѓународната заедница сакаше да ме отстрани во нефер и чисто политички судски случај, а сега имаат двајца Додик“, изјави Милорад Додик, поранешен претседател на Република Српска.

Предвремените изборите беа распишани откако Додик беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за јавна функција.