Се очекува пресудата за процесот Груевски- Заев
Адвокатите ги изнесоа завршните зборови. Правниот застапник на Груевски побара судот да го усвои тужбеното барање...
Во Основниот суд 2 се очекува да биде доенсена пресудата во судскиот процес за клевета што го поведе премиерот против лидерот на СДСМ.
Адвокатите ги изнесоа завршните зборови. Правниот застапник на Груевски побара судот да го усвои тужбеното барање и да утврди одговорност на Заев за клевета поради тврдењата изнесени со намера да му се наштети на честа и угледот на премиерот.
Побарува 50 илјади евра отштета за клевета, нанесена душевна болка и повреда на честа и угледот на Груевски со изнесените обвинувања за наводна корупција при продажбата на „Македонска банка“.
Груевски и Заев директно се соочија пред судот. Груевски за десет пати го намали побарувањето со став дека целта не му била материјална корист, туку докажување на вистината.