Свет

Виетнам започна со расчистување по поплави кои одзедоа над 90 животи

24.11.2025 20:36

Виетнам започна со расчистување по најтешките поплави во последните децении, кои одзедоа над 90 животи и предизвикаа штета од околу 500 милиони долари. Поплави го погодија и источниот брег на Малезија...

Виетнам започна со расчистување по најтешките поплави во последните децении, кои одзедоа над 90 животи и предизвикаа штета од околу 500 милиони долари. Најтешка е ситуацијата во провинцијата Дак Лак.

Иако водата се повлекува, продолжуваат дождовите со ризик од нови лизгања на земјиштето. Уништени се стотици илјади домови и над 80 илјади хектари земјоделско земјиште.

Поплави го погодија и источниот брег на Малезија, каде поради монсуните се евакуирани над 11.000 луѓе, најкритично во североисточниот Келантан, на границата со Тајланд.