Култура

Нов роман на Венко Андоновски – „Александар јава на запад“

24.11.2025 19:06

Со овој „нов жанр“ Андоновски се разликува од самиот себеси и од сè што досега напишал како романсиер, а истовремено потсетува на сјајните моменти од неговите комедии и фарси, кои беа хитови цели две децении на нашите театарски сцени.

Во издание на Издавачки центар ТРИ објавено е најновото дело на Венко Андоновски, „Александар јава на запад“. Станува збор за фасцинантна фарса и ведра гротеска напишана со брутална смелост и пародиски означена со жанрот „чекајќи роман“.

Со овој „нов жанр“ Андоновски се разликува од самиот себеси и од сè што досега напишал како романсиер, а истовремено потсетува на сјајните моменти од неговите комедии и фарси, кои беа хитови цели две децении на нашите театарски сцени.

Содржината на романот го следи текот на еден необичен настан – оживуваат два споменика на скопскиот плоштад, оној на Александар и оној на Гоце Делчев, па тргнуваат да видат како денес изгледа светот.

Од Издавачки центар ТРИ најавуваат промоција на почетокот на декември, со очекување дека и оваа книга ќе стане популарна како неговите останати остварувања, што го прави еден од најчитаните домашни автори во Македонија.