Судот во Стразбур ги потврди повредите на правично судење против Јанкулоска
Судот побарал од земјава објаснување за случајот, бидејќи обвинетата немала пристап до целокупниот материјал со кој располагало Обвинителството.

Европскиот суд за човекови права отвори предмет, поврзан со повредите на правото на правично судење во предметот „Тенк“ што се водеше против екс-министерката, Гордана Јанкулоска, за набавката на блиндираното возило за МВР.
Судот побарал од земјава објаснување за случајот, бидејќи обвинетата немала пристап до целокупниот материјал со кој располагало Обвинителството.
„Иако поминаа речиси пет години од поднесувањето на апликацијата пред Судот, а јас издржав неправедна драконска казна, и штетата која ја претрпев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од Европскиот суд овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција“, вели Јанкулоска, која првостепено беше осудена на шест, а потоа Апелација ѝ ја намали казната на четири години затвор.
