Македонија

Утврдена дискриминација во струшката болница, жена психолог останала без работа и без рожба

24.11.2025 13:56

На психолог од струшката болница не ѝ бил продолжен договорот за работа откако кажала дека е бремена. Од стресот го загубила бебото. Комисијата утврди дискриминација, директорот ги отфрла наводите од пријавата...

И без рожба и без работа, остана жена психолог од струшка болница чиј грев бил што на свет треба да донесе дете, па решиле да не и го продолжат договорот за работа што ѝ бил на определно време.

Таа до Комисијата за заштита од дискриминација се жалела дека раководството на болницата ја испратило дома, велејќи дека сега за неа е најважна бременоста. Таа имала бројни сертификати и обуки, но, иако ѝ било ветено дека ќе биде вработена, наместо тоа, спроти новогодишните празници ја добила лошата вест дека не ѝ е потребна на болницата.

До комисијата реагира и дека на нејзино место, директорот примил друга девојка со уште 65 лица. Погодена од неправдата, во 27 недела го изгубила своето дете. Комисијата констатира дека е направена дискриминација.

Во претставката оштетената поднела лекарски докази дека била здрава, носела здраво дете и оти имала уредна бременост без никакви ризици. Директорот, пак, тврди дека никогаш не ѝ рекол на пријавителката да си оди дома зашто била бремена.

Сепак, од комисијата велат дека болницата не дала соодветно објаснување со факти дека отказот не е поврзан со бременоста на оштетената.

Фиљана Кока