МВР
Лишен од слобода крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
24.11.2025 19:53
Вчера во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ѓ.А.(55) од с. Беловиште, гостиварско, информираат од МВР...

Вчера во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ѓ.А.(55) од с. Беловиште, гостиварско, информираат од МВР.
Тој е затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, при што одзел пари. Исто така, тој се сомничи дека во текот на изминатите шест месеци неколку пати извршил тешки кражби во верски објекти во Гостивар.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
