Основен суд Кочани

Даночните инспектори остануваат во куќен притвор

24.11.2025 13:10

Останува куќниот притвор за даночните инспектори, осомничени дека земале поткуп и му давале информации на синот на газдата на „Пулс“ за ненајавените контроли..

Кочанскиот суд ги одби жалбите на Обвинителството. Останува куќниот притвор за даночните инспектори, осомничени дека земале поткуп и му давале информации на синот на газдата на „Пулс“ за ненајавените контроли. Овој процес е поврзан со трагедијата, но не е дел од големиот предмет за кој, судењето продолжува веќе утре.

Анита Димитријевска-Велковска известува.