Локална самоуправа

Промовиран ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

24.11.2025 17:13

Можат ли општините да излезат од неефикасноста и проблемите при реализацијата на проектите. За да се случи тоа, потребна им е поддршка, која е предвидено да ја добиваат преку новоформираниот ресурсниот центар за локалните самоуправи.

Планирање на локалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и проектни апликации за искористување средства од меѓународни фондови и јакнење на меѓуопштинската соработка – ова се очекува да биде овозможено од новоотворениот ресурсен центар што ќе им дава одржлива и стручна поддршка на општините.

Градоначалниците очекуваат надминување на слабостите во локалните самоуправи. Велат, не е доволна само финансиска поддршка, туку и човечки ресурси за реализација на средстава.

Ресурсниот центар е системско решение, оценува професорот Треновски.

За регионалните проблеми како што е екологијата на пример досега топката се префрлаше од една во друга општина, но со ресурсниот центар се очекува поголема меѓуопштинска соработка.

Александра Велинова