Македонија
Бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба
24.11.2025 14:48
Бебето било донесено на детското одделение во тешка здравствена состојба. Медицинските лица веднаш ја пружиле потребната помош и извршиле реанимација, но не успеале да го спасат детето.

Во кичевската болница почина бебе, родено во 2024 година. Тоа било донесено во тешка здравствена состојба, но не успеало да преживее и покрај напорите на медицинскиот тим да го реанимираат.
Според информациите од СВР Кичево, случајот бил пријавен вчера, во 22:10 часот. Бебето било донесено на детското одделение во тешка здравствена состојба. Медицинските лица веднаш ја пружиле потребната помош и извршиле реанимација, но не успеале да го спасат детето.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе е дадено на обдукција.
